Ekip
30 Септември 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
КАИРО (АА) - Египетското Централно биро за статистика објави дека населението во таа земја е скоро 95 милиони, а дека според проценките, во странство живеат уште 9,4 милиони Египќани, јавува Anadolu Agency (AA).
Податоците на државната телевизија ги објави Абу Бакр ал-Гинди, директорот на Заводот за статистика, по најавениот попис на жителите.
Бројот на Египќаните заклучно со април оваа година изнесува 94.798.827, што е за 22 милиони повеќе од пописот во 2006 година, кога се одржа последниот попис.
Во 1986 година, Египет имаше 38,3 милиони жители, а десет години подоцна бројот се искачи на 59,3 милиони.
Ел-Гинди истакна дека луѓето на возраст меѓу 15 и 34 години сочинуваат 34,8 отсто од населението.
Каиро, главниот град на Египет, заедно со провинцијата Гиза има 18,1 милиони жители.
Египет е најнаселената арапска земја.