Ekip
30 Септември 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
КОНГО (АА) - Конгоанските власти велат дека најмалку десет лица загинаа откако еден воен транспортен авион се урна кратко време по полетувањето од аеродромот Киншаса, јавува Anadolu Agency (AA).
Ламберт Менде, портпарол на Владата на Демократска Република Конго, потврди дека авионот за транспорт Антонов се урнал во саботата изутрина на меѓународниот аеродром Нџјили.
Локалните медиуми објавија дека се верува дека во авионот имало најмалку десет лица, кои требало да летаат до Букаву на исток од земјата. Истите извори тврдат дека нема преживеани.
Авионот, наводно имал технички проблем веднаш по полетувањето и изгубил контакт со контролната кула. Местото на несреќата е околу 12 километри источно од Киншаса.