Emre Gürkan Abay
10 Октомври 2017•Ажурирај: 11 Октомври 2017
МОСКВА (АА) - Руски воен авион од типот Su-24 се урна за време на полетување од воената база Химејмим во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Руското министерство за одбрана соопшти дека авионот се урнал кусо време по полетувањето од сириската воена база Химејмим.
Во соопштението се наведува дека екипажот немал време да се каталултира од кабината и затоа во несреќата животот во загубиле сите членови на екипажот.
Се претпоставува дека до несреќата дошло поради технички проблем на леталото, додавајќи дека во подрачјето во кое се урнало леталото не е предизвикана значајна материјална штета.
Воената базата Химeјмим која се наоѓа во подрачјето на Лазкије, се користи како главен центар за раководење со воздушните напади на руските сили во Сирија.