Mustafa Melih Ahıshalı
20 Јуни 2021•Ажурирај: 21 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
Во иранската покраина Северен Хорасан се сруши мал авион за обука, при што животот го загубија две лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на иранската државна телевизија, авионот се срушил на 50 милји северно од аеродромот во градот Боџнурд.
Се истакнува дека како резултат на оваа несреќа загинале две лица.
Во веста не се дадени детали околу причината за оваа несреќа.