свет

Пакистан нема да им даде база на САД за операциите во Авганистан

Наведувајќи дека не постои можност да дозволат од пакистанска територија каква било акција или воена база кон Авганистан, Кан истакна дека по повлекувањето на американските трупи од Авганистан нема да ѝ даде база на ЦИА за нејзините операции

Muhammet Nazım Taşcı  | 20.06.2021 - Обновена : 21.06.2021
Пакистан нема да им даде база на САД за операциите во Авганистан

ИСЛАМАБАД

Пакистанскиот премиер Имран Кан изјави дека Пакистан, по повлекувањето на американските трупи од Авганистан, за операциите на Вашингтон во таа земја дефинитивно нема да ѝ ги отстапи своите бази на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), јавува Агенција Анадолија (АА).

Премиерот Кан го потврди ставот на Пакистан за користењето на воените бази во интервју за програмата „Аксиос“ на „Ејџ-би-оу“ (HBO).

Наведувајќи дека не постои можност да дозволат од пакистанската територија каква било акција или воена база кон Авганистан, премиерот Кан истакна дека по повлекувањето на американските трупи од Авганистан нема да ѝ даде база на ЦИА за нејзините операции во таа држава.

Пред да стане премиер, Кан ги критикуваше претходните влади поради американската употреба на пакистанската територија за операциите во Авганистан и поради користењето дронови. Откако Кан дојде на власт во 2018 година, во Пакистан не се регистрирани американски напади со дронови.

ЦИА бара нови начини за одржување на можните оперативни способности во Авганистан по повлекувањето на американските трупи.

Директорот на ЦИА, Вилијам Бурнс, дојде во Пакистан во мај поради проблемите со базата. На Бурнс, кој сакаше да се состане со премиерот Кан околу прашањето за базата, одбиено му е ова барање.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.