Murat Ünlü
30 Септември 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
ПАРИЗ (AA) - Повеќе од 4.000 Французи досега потпишаа петиција која на 22 септември е покрената поради француската прва дама Бригита Макрон, која, како што се наведува, не носи облека која го симбилизира класичниот француски стил, јавува Anadolu Agency (AA).
Петицијата е покрената на интернет страната "Mesopinions", а причината е што стилот на облекување на првата дама не официјалните приеми, како што наведоа, „соодветен и прикладен".
Со петицијата се повикува Бригита Макрон да носи облека која претставува некои од вредностите на земјите на чие чело се наоѓа и нејзиниот сопруг.
Францускиот претседател Емануел Макрон (39) и неговата сопруга Бригита (64), поради разликата во години, но и поради стилот на облекување на првата дама, често се тема на расправи во француската јавност.