Rahmi Gündüz
24 Април 2017•Ажурирај: 25 Април 2017
ПАРИЗ (АА) - Лидерот на движењето En Marche (Напред), кандидатот кој во вчерашниот прв круг освои најмногу гласови на претседателските избори во Франција, Емануел Макрон, им вети на гласачите дека доколку победи и во вториот круг, како нов шеф на државата ќе спроведе системска реформа со цел полесно да се решат проблемите во Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според првичните резултати, во вториот круг од претседателските избори што во Франција ќе се одржат на 7 мај се пласираа претставникот на политичкиот центар, Макрон, и лидерката на радикалната десничарска партија Национален фронт (FN), Марин ле Пен, а Макрон доцна синоќа им се обрати на гласачите во Париз и им се заблагодари за поддршката.
„Доколку победам и за две недели, ќе спроведам реформа на системот кој е кочница во решавање на проблемите во Франција веќе 30 години“, порача Макрон.
Истакнувајќи дека е време да се отворат нови страници во француската политика, Макрон изјави дека е подготвен со поддршка на гласачите да насобраните ги исполни работи.
Во првиот круг на изборите за првпат се елиминирани кандидатите на републиканците и на социјалистите кои се најголеми политички групи, а Макрон изјави дека тоа е показател оти гласачкото тело сака промени.
„Ние за една година го сменивме лицето на француската политика. Ако победам, ќе бидам претседател на сите Французи и најголема задача ќе ми биде да ги обединам сите Французи“, изјави Макрон.
Угледниот економски експерт Макрон би можел да стане најмладиот француски претседател по периодот на Наполеон, а најави дека ќе ја зајакне Франција и нејзините врски со ЕУ.
Тој им се заблагодари и на претседателските кандидати републиканецот Франсоа Филон и социјалистот Бенуа Амон, кои најавија дека ќе му дадат поддршка во вториот круг на изборите.
За победата во првиот круг на изборите, на Макрон му честитаа и францускиот претседател во заминување, Франсоа Оланд, и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.