Murat Ünlü
16 Октомври 2017•Ажурирај: 17 Октомври 2017
ПАРИЗ (АА) - Секој граѓанин на Париз годишно во смет фрла храна во вредност од 400 евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на општина Париз, нејзините жители во однос на жителите на останатите подрачја во Франција во смет фрлаат за три пати повеќе храна.
На годишно ниво жителите на Париз во смет фрлаат 59 тони храна. Истовремено на границата на сиромаштија во Париз живеат 16 отсто од нејзините граѓани. Секој жител на Париз годишно во смет фрла храна во вредност од 400 евра, или 26 килограми храна без да ја употреби.
Се смета дека причината за фрлање на вака големо количество е фактот што значителен број од парижаните јадат во ресторани, а дома не ја носат храната која ќе остане неизедена.