Bedrudin Brlyavac
02 Ноември 2019•Ажурирај: 05 Ноември 2019
БЕРН (AA) - Властите во Швајцарија планираат да воведат многу поостри казни за фрлање смет, особено кога се работи за загадување на земјоделското земјиште, јавува Anadolu Agency (AA).
Некои швајцарски пратеници предлагаат казните за фрлање смет да бидат дури и 100 пати повисоки од постоечките.
Роџер Зурбиген, пратеник од градот Луцерн, пред новинарите изјави дека фрлањето смет предизвикува „намерна закана по луѓето и на животните“.
Нагласи дека построгите парични казни се потребни за да се заштитат луѓето, животните и околината.
„Сметот кој го јадат животните, може да доведе до болни повреди, па дури и до смрт“, рече Зурбиген
Моменталната парична казна за фрлање смет во Швајцарија е 40 франци, односно 36 евра.
Меѓутоа, некои пратеници, вклучувајќи го и Зурбиген, предлагааат казните за фрлање смет да бидат зголемени и до 4.000 франци, или околу 3.600 евра.