Hakan Çopur
02 Ноември 2019•Ажурирај: 03 Ноември 2019
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, истакна дека поранешниот челник на терористичката организација ДЕАШ, Ебубекир ел Багдади, бил откритие на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).
Лавров во изјава за рускиот канал „Русија 24“ („Rossiya 24“) говореше за смртта на Багдади.
Тој даде поразлична изјава од САД во врска со смртта на поранешниот челник на ДЕАШ.
„Багдади беше откритие на САД. Нашето Министерство за одбрана даде една изјава во врска со Багдади. Сакаме повеќе информации за ова прашање. Нашата војска работи во насока на дополнителни наоди и сè уште не може да потврди повеќето од тоа што го кажаа САД (во врска со смртта на Багдади)“, рече Лавров.
Алудирајќи на настаните кои се случија по американската окупација во Ирак во 2003 година, Лавров истакна: „ДЕАШ постигна раст по илегалната окупација во Ирак, по распадот на ирачката држава и по ослободување на сепаратистите од затвор од страна на Американците. Затоа, Американците елиминираа едно лице чие раѓање го овозможија, доколку навистина го сторија тоа.“