Seyyid Emin,Dzihat Aliju
02 Ноември 2019•Ажурирај: 03 Ноември 2019
СКОПЈЕ (АА) - Ганире Пашајева, пратеничка во Парламентот на Азербејџан, во врска со нацрт-резолуцијата прифатена во Претставничкиот дом на САД, кој ги вклучува ерменските тврдења, рече дека одлуките донесени во американскиот Конгрес се притисок врз Турција и обид за одмазда конТурција, јавува Anadolu Agency (AA).
Пашајева даде изјава за медиумите во рамки на Петтиот меѓународен фестивал на турскапоезија - „Јахја Кемал Бејатли“, кој се одржа синоќа во Скопје.
Таа ја критикуваше нацрт- резолуцијата во врска со ерменските тврдења, која беше прифатена во американскиот Претставнички дом. „Одлуката донесена во американскиот Конгрес е притисок врз Турција, и обид за одмазда кон Турција“, додаде таа.
Пашајева рече дека преку операцијата „Извор на мирот“, Турција ја уништила, како што рече, големата игра, и нагласи: „Турција покажа многу значаен став како: 'Што и да направите вие, ние ќе ги уништиме корените на овие терористички организации кои претставуваат закана за нашата гранична безбедност и територијален интегритет'.“
Според неа, ваквите одлуки се донесени со цел да вршат притисок врз Турција и таа да отстапи од својот став. Пешајева рече дека ги осудуваат овие одлуки и стојат во поддршка на Турција.
Пашајева нагласи дека зад големите игри на големите сили во регионот стои намерата за ослабување на Турција.
„Ако ослабне Турција, ќе ослабне турскиот свет. Ако ослабне турскиот свет, тоа ќе има многу лош ефект врз туркиските држави. Братската земја Турција секогаш стои до турскиот народ кој живее во секој регион. Ние секогаш стоиме до Турција и до зајакнувањето на Турција“.
Таа истакна дека Европската Унија (ЕУ) има лицемерна политика кон Турција, и додаде: „Зборувате за борбата против тероризмот, но за жал, во оваа насока не само што не ја поддржувате Турција, туку ги поддржувате терористичките организации кои работат против Турција. Какво е ова разбирање во врска со борбата против тероризмот?“
Пашајева говореше и за односите меѓу нејзината земја и Турција, и нагласи дека меѓу Азербејџан и Турција постојат многу силни врски.
„Турција исто така е наша татковина. Нашите дедовци со своите животи ни го раскажаа тоа. Ние исто така и денес уште повеќе ќе стоиме до Турција во борбата против тероризмот. Праќаме порака дека Турција не е сама, ние стоиме до братската земја Турција“.
Пашајева рече дека ги осудуваат и одлуките донесени против Турција од страна на Арапската лига, Европскиот парламент и САД.
„Не ни е важно каква одлука донела Арапската лига, ние го осудуваме тоа. Турција секогаш стоеше до муслиманскиот свет“, додаде Ганире Пашајева, пратеничка во Парламентот на Азербејџан.