Hamdi Yıldız
02 Ноември 2019•Ажурирај: 03 Ноември 2019
ГАЗА (АА) - Во воздушен напад на израелските воени авиони врз Газа загина еден Палестинец, додека двајца Палестинци се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ешреф ел Кудра, истакна дека израелските воени авиони извршиле напад врз зона во западниот дел на градот Хан Јунус, при што три лица биле повредени, кои потоа биле пренесени во болницата „Насир“.
Ел Кудра информираше дека еден од повредените, 27-годишниот Ахмед Мухамед ел Шихри, го загубил својот живот во болница.
Од друга страна, портпаролот на израелската Војска, Авичај Адрае, преку социјалните мрежи соопшти дека израелските воени авиони извршиле сеопфатни напади врз цели во југоцентралниот и северниот дел на Газа, како одговор на лансираните 10 ракети.
Адрае истакна дека меѓу целите на нападите биле повеќе точки на Хамас, како воени зони, воздушно-одбранбени системи, терени за обука, центар за произведување оружје, складишта за оружје и друго.
Адрае, исто така, сподели фотоградии и видеоснимки во врска со нападот.
Според информациите добиени од безбедносните извори во Газа, таргетираните цели биле цели на бригадите „Изедин ел Касам“ при движењето Хамас.