Dildar Baykan
02 Ноември 2019•Ажурирај: 03 Ноември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, истакна дека имаат многу добри односи со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп даде изјава за медиумите во дворот на Белата куќа пред заминување за Мисисипи.
Американскиот претседател говореше за тоа дали ќе се реализира посетата на Ердоган на Белата куќа, што беше планирано да се реализира на 13 ноември.
„Со претседателот Реџеп Таип Ердоган имаме многу добри односи. Примирјето е одлично спроведено“, рече Трамп во врска со Договорот постигнат меѓу САД и Турција во врска со североисточниот дел на Сирија.
Тој рече дека посакува американските војници кои се наоѓаат во Сирија, да се вратат во своите домови.
„(Турско-сириската граница) Границата нека ја контролираат другите. Ние ја заштитивме нафтата. Ја сакам нафтата. Работиме со Курдите (ЈПГ/ПКК). Работиме со Турција. Работиме со бројни земји“, додаде тој.