Alaattin Doğru,Ayşe Doğru
02 Ноември 2019•Ажурирај: 03 Ноември 2019
ДАКАР/АНКАРА (АА) - Во напад извршен од терористите врз воена позиција во североисточниот дел на Мали, на границата со Нигер, загинаа вкупно 54 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Вооружените сили на Мали (ФАМА) се наведува дека терористите извршиле напад врз воената позиција Инделимане во подрачјето на Менака.
Владиниот портпарол на оваа земја, Јаја Сангаре, изјави дека тимовите упатени кон местото на настанот откриле 53 безживотни тела на војници и едно безживотно тело на цивил.
Сангаре информираше дека во нападот биле повредени 10 лица, а во голема мера е оштетена и воената опрема на оваа воена позиција.
Тој рече дека се вршат работи за идентификување на жртвите.
Од друга страна, Владата на Мали упати апел до народот за да вложи интензивен напор во насока на единство.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.