Zeynep Rakipoğlu
27 Март 2021•Ажурирај: 29 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Гласноговорникот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, денес се состана со американската делегација на чело со специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави (САД) за Авганистан, Залами Халилзад, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на состанокот, што се одржа во Претседателскиот кабинет во Долмабахче во Истанбул, се разговараше за актуелната ситуација во Авганистан и за состанокот што ќе се одржи во Истанбул на тема авганистанскиот мировен процес.
Изразено е очекување дека состанокот во Истанбул ќе му даде нов замав на авганистанскиот мировен процес.
Истакнато е и дека трајниот мир во Авганистан ќе биде можен со сеопфатно и одржливо политичко решение, како и дека мирното опкружување што ќе се воспостави во Авганистан ќе придонесе за мир, стабилност и просперитет во регионот. Исто така, истакнато е дека Турција и понатаму ќе му биде поддршка на народот во Авганистан.
На состанокот присуствуваше и американскиот амбасадор во Анкара, Дејвид Сатерфилд.