Burak Bir
03 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Турција ќе продолжи да ги поддржува своите сојузници, пријатели и оние што имаат потреба од сите страни на светот во борбата против пандемијата на коронавирусот, истакна шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Слушаме многу позитивни повратни информации и пофалби за нашата хуманитарна помош испратена до речиси 60 држави“, напиши Фахретин Алтун на Твитер, нагласувајќи дека дури и пред пандемијата, Турција беше водечка во светот според соодносот на доделената хуманитарна помош со нејзиниот БДП.
Алтун истакна и дека во пратката со помош од Турција испратена во Сомалија за првпат се вклучени медицински вентилатори од домашно, турско производство.
„Тука не станува збор за политика, туку за хуманитарен пристап на нашиот претседател [Реџеп Таип] Ердоган и на нашата земја“, додаде тој.
Нагласи дека она што Турција го има сторено за светот досега во услови на пандемија е јасен доказ за тоа како Турција чувствува кон своите сограѓани во светот.
„Турција ќе излезе од оваа криза, мобилизирајќи ги националните ресурси за благосостојбата на нашиот народ, се грижи за болните и за слабите, им помогна на другите низ светот и водеше глобални напори за постигнување глобален одговор“, напиша Алтун. „Горди сме на трпеливоста, дарежливоста и флексибилноста на нашиот народ!“
Вирусот Ковид-19 е регистриран во 187 земји и региони во светот, откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан, изминатиот декември. САД и Европа во моментот се најтешко погодени делови на светот.
Регистрирани се над 3,4 милиони дијагностицирани случаи на коронавирус во светот, бројот на смртни случаи се ближи до 244.000, додека повеќе од 1 милион луѓе го победија вирусот, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.