Sinan Doğan
02 Септември 2021•Ажурирај: 02 Септември 2021
БОГОТА
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка. Во моментов Мексико со 1.177 починати е земја со најголем број смртни случаи во едно деноноќие на овој континент, по која следува Бразил со 737, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 737 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 581.150.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 27.345, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 20.804.215.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 19.775.873 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 1.177 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 17.337 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 260.503 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 3.369.747. Досега во оваа земја оздравеа 2.715.043 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 193 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 112.005. Во истиот период детектирани се 5.328 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 5.190.948.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.878.099 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на осмото место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 71 лице, со што вкупниот број смртни случаи достигна 125.016.
Во последното деноноќие детектирани се 1.996 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.911.082. Во оваа земја досега оздравеа 4.740.709 лица заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 10. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 21 смртен случај предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 461.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 491.340, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 18.473. Досега оздравеа 436.496 лица позитивни на коронавирусот.