Servet Günerigök
02 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Белата куќа вчера го блокираше американскиот експерт за инфективни болести да сведочи пред Конгресот следната недела, јавува Агенција Анадолија (АА).
Комитетот за апропријација при Претставничкиот дом на САД побара директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести, Антони Фаучи, да се појави на сослушувањето за справувањето на претседателот Доналд Трамп со пандемијата на коронавирусот.
„Известени сме од претставник на администрацијата дека Белата куќа го блокирала д-р Фаучи да сведочи“, рече портпаролот Иван Холандер.
Фаучи, инаку клучен член на работната група за борба против коронавирусот во Белата куќа, се смета за веродостоен извор на информации од страна на населението во САД, каде што од коронавирусот починаа речиси 65.000 луѓе. Во одредени случаи тој имаше забелешки на изјавите на Трамп на брифинзите на работната група.
Подоцна, портпаролот на Белата куќа, Џуд Дере, изјави дека е „контрапродуктивно“ Фаучи да се појави на сослушувањето.
„Додека администрацијата на Трамп продолжува со целокупната владина борба против Ковид-19, вклучително и безбедно повторно отворање на Америка и забрзување на развојот на вакцина, контрапродуктивно е и самите индивидуи вклучени во тие напори да се појавуваат на сослушувањата пред Конгресот“, рече Дер.
„Ние сме посветени кон работата со Конгресот во правец на сведочења, но во соодветно време“, додаде тој.
Расправата беше закажана од конгресменката од редот на демократите од Конетикат, Роза де Лаура.