Ekipa
08 Ноември 2019•Ажурирај: 08 Ноември 2019
БЕРЛИН
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека не верува оти американскиот претседател, Доналд Трамп, ќе воведе нови тарифи за европските автомобили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Администрацијата на Трамп веќе воведе тарифи за челикот, алуминиумот и земјоделските производи, кои ја погодија Европската Унија, а наредната недела би требало да одлучи дали ќе воведе тарифи на масовниот увоз на европски автомобили.
Претходните тарифи веќе предизвикаа одговор од Европската Унија, а тарифите за автомобилите можат значајно да ги зголемат тензиите.
ЕУ и Вашингтон се стремат кон склучување трговски договор до средината на ноември за да ја смират ситуацијата.
Јункер за германскиот весник „Зидојче цајтунг“ („Sueddeutsche Zeitung“) изјави: „Трамп ќе се жали малку, но тој нема да воведе никакви тарифи на автомобилите“, при што додаде: „Вие зборувате со потполно информирана личност.“