Berk Özkan
27 Март 2021•Ажурирај: 28 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, го прими министерот за надворешни работи на Катар, Мухамед бин Абдулрахман ал Тани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган го прими Ал Тани во резиденцијата „Вахдетин“ во истанбулскиот кварт Ченгелќој.
Откако фоторепортерите го забележаа почетокот на состанокот, разговорот продолжи зад затворени врати. Средбата траеше 45 минути, и не е соопштено кои се темите на разговорот.