свет

„Неограничените акции на Израел го дестабилизираат регионот, потребно е итно запирање“, објави турското МОД

- Турските сили и персоналот на сириска територија не се соочуваат со никакви потешкотии по израелските воздушни напади врз Сирија, соопшти турското Министерство за национална одбрана

Asiye Latife Yılmaz  | 17.07.2025 - Обновена : 17.07.2025
„Неограничените акции на Израел го дестабилизираат регионот, потребно е итно запирање“, објави турското МОД фото : /AA

ИСТАНБУЛ (АА) - Неограничените акции на Израел го дестабилизираат регионот и предизвикуваат хаос и веднаш мора да бидат запрени агресивните потези коишто би можеле да доведат до неповратни последици, објави турското Министерство за национална одбрана денес, известува Анадолу.

„Турските сили и персоналот на сириска територија, испратени таму на антитерористички мисии зад границата, не се соочуваат со никакви потешкотии по израелските воздушни напади врз Сирија“, изјави за новинарите портпаролот на Министерството за национална одбрана, Зеки Актурк, на брифингот во главниот град Анкара.

Израелската Армија во средата започна воздушни напади врз сирискиот главен град Дамаск, како и врз подрачјата на Сувајда и Дара, под изговор дека ја заштитува заедницата Друзи.

Наводно, уште еден напад следувал ова утро врз сириска воена база.

Сириското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во нападите животот го загубиле повеќе од 30 лица, а речиси 100 се повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.