Burak Bir
03 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Над 28.000 турски државјани се во карантин по враќањето од странство, како дел од мерките за спречување на ширењето на новиот вид коронавирус, изјави денес турскиот министер за млади и спорт, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупно 28.700 граѓани се во изолација во студентските домови низ 76 турски области“, истакна министерот Мехмет Касапоглу.
Тој додаде дека околу 37.468 граѓани досега се пуштени од карантин по завршувањето на задолжителниот 14-дневен период.
По налог на претседателот Реџеп Таип Ердоган и во координација со Министерството за надворешни работи, Турција врати околу 25.000 свои граѓани од 59 земји пред почетокот на месецот на постот, Рамазан.
Турските власти вратија над 60.000 државјани од различни земји од почетокот на пандемијата, во која починаа над 244.000 лица од 187 земји во светот.
Во Турција од Ковид-19 починаа 3.336 лица, додека над 58.000 се излекуваа. Во моментот во земјата има 124.375 потврдени случаи на вирусот.