Husamedin Gina
03 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 95 оздравени пациенти од коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на излекувани пациенти од овој вирус се искачи на 945, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство во дневниот извештај информира дека две лица починале од коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на починати лица од овој вирус во земјата се зголеми на 84.
Во изминатите 24 часа потврдени се 5 нови случаи на Ковид-19. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 1.511.
Во изминатите 24 часа спроведени се 249 тестирања, со што вкупната бројка на извршени тестирања во земјата се зголеми на 17.246.
Инаку, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, Владата на Северна Македонија донесе одлука за празникот 1 Мај, односно петок, сабота и недела, ограничувањето на движењето да почнува во 14:00 часот.
Според соопштението од Владата, на 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 5:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14:00 часот и ќе трае до 5:00 часот наутро следниот ден.