Emel Gözellik
26 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
АНКАРА (АА) – Во Кина откриени се 11, а во Јужна Кореја 10 нови случаи на новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на кинеската Национална здравствена комисија, во последните 24 часа биле откриени вкупно 11 случаи на Ковид-19, додека починати нема.
Со последните бројки, вкупниот број случаи на Ковид-19 во Кина се зголеми на 82.827.
Во земјата поради коронавирусот починаа 4.632 лица.
- Во Јужна Кореја 10 нови случаи -
Во изјавата дадена од Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја се наведува дека во последните 24 часа во земјата се откриени 10 нови случаи на Ковид-19.
Во земјата досега од вирусот починаа 242 луѓе, а вкупниот број на случаи достигна 10.728.
Најмногу случаи во земјата се регистрирани во градот Даегу, а повеќе од 90 проценти од починатите се лица над 60 години.
Бројот на заразени во светот со новиот вид коронавирус, Ковид-19, што се појави во градот Вухан, во кинеската покраина Хубеи, достигна 2.923.336.
Во светот, 203.308 луѓе починаа поради Ковид-19, додека 837.531 лице што беа заразени со вирусот се излекуваа.