Bayram Altuğ
26 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
ЖЕНЕВА (АА) - Турското знаме е проектирано на швајцарските Алпи, поточно на планината Матерхорн, еден од највисоките врвови во Европа, а станува збор за поддршка во борбата против коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (AA).
На планинскиот врв висок 4.478 метри, на самата граница со Италија, овие денови се проектираат знамиња на различни земји во знак на поддршка во борбата против коронавирусот.
Во изминатите ноќи на планината Матерхорн блесна и турското знаме што предизвика воодушевување кај многу турски државјани.
Фотографијата на Алпите со турското знаме воедно е и најчесто споделуваната фотографија кај турските корисници на социјалните мрежи.
Голем број корисници на социјалните мрежи ја споделија фотографијата и им се заблагодарија на швајцарските власти за прекрасниот гест.