Büşra Nur Bilgiç Çakmak
08 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
АНКАРА
Шведска потврди повеќе од 3.000 смртни случаи предизвикани од коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за јавно здравје соопшти дека во Шведска, на чија сметка се упатени низа критики поради опуштениот пристап кога станува збор за коронавирусот, потврдени се 24.623 случаи на заразувањето.
Бројките за смртните случаи во Шведска значително ги надминаа бројките од соседните Данска и Норвешка.
Шведска не воведе рестриктивни мерки, како што тоа е направено во остатокот на Европа, а на децата до 16 години им дозволи да одат во школо. Дозволена е и работа на кафулињата, рестораните и другите стопански субјекти, но од жителите е побарано да ги почитуваат правилата на социјална дистанца.