Atila Altuntaş
04 Февруари 2016•Ажурирај: 05 Февруари 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Шведските власти предвидуваат дека оваа година во земјата ќе пристигнат 140.000 бегалци, главно од Сирија, Авганистан и во Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Шведската канцеларија за миграција на официјалниот сајт објави извештај во кој се наведува дека меѓу 140.000 бегалци се очекува годинава да пристигнат во земјата и до 27.000 деца без придружба на старател.
Од Канцеларијата велат дека резултатите се видливи по договорот постигнат меѓу Република Турција и Европската унија за построга контрола на имигранти кои влегуваат во земјите на ЕУ, како и дека во иднина се очекуваат уште поефикасни резултати.
Шведска има 9,6 милиони жители, а според официјалните податоци на таа земја во 2014 година и 2015 година влегле 81.000 и 163.000 бегалци. Минатиот месец, шведската влада воведе построги мерки на граничните премини.