Halit Süleyman
04 Февруари 2016•Ажурирај: 05 Февруари 2016
ХАЛЕП (АА) - Во нападот на руските воени авиони во северниот сириски град Алепо загинаа три деца, а повредени се десет лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот е извршен во населено место Aнадан кој е под контрола на сириската опозиција.
Според официјалните претставници на цивилната заштита во Алепо, руски воени авиони ја бомбардираа областа Aнадан во Алепо, при што загинаа три деца. Екипете на цивилна заштита работат на извлекување на телата и повредените од урнатините. Повредените лица се сместени во импровизирани болници.
Руските воени авиони во последните три дена извршија 800 воздушни напади во северниот дел на Алепо. Нападите се извршени претежно во областите населени со цивили.