Ahmet Dursun
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
АНКАРА
Во главниот град на Иран, Техеран, забележан е земјотрес со јачина од 5,1 степен, јавува Агенцина Анадолија (АА).
Според последните информации, во земјотресот загина едно лице, а 11 се повредени.
Во соопштението на Центарот за сеизмологија на Универзитетот во Техеран се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во Дамаванд, град во покраината Техеран.
Земјотресот се случил во 00:48 часот по локално време на длабочина од 7 километри.
Од Управата за кризни ситуации е соопштено дека земјотресот се почувствувал и во околните градови.
Хасан Хаирхан, директорот на Домот за здравство во Дамаванд, изјави дека по земјотресот во моментите на паника во градот Рудехен загинало 60-годишно лице, а 11 се повредени.
По земјотресот се забележани уште четири помали потреси, од кои најсилниот бил 3,9 степени.