Ahmet Sertan Usul
15 Август 2019•Ажурирај: 16 Август 2019
АНКАРА (АА) - Воена делегација на Соединетите Американски Држави (САД), предводена од заменик-командантот на командата на Армијата на САД за Европа, генерал-полковник Стивен Твити, по посетата на Генералштабот на Турција, ќе замине за Шанлиурфа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за национална одбрана на Турција преку соопштение информираше дека продолжуваат активностите за формирање на Заеднички оперативен центар во Шанлиурфа, во рамките на планираната безбедносна зона, која треба да биде формирана на северот на Сирија, во координација со САД.
„Денес американската воена делегација, предводена од заменик-командантот на командата на Армијата на САД за Европа, генерал-полковник Стивен Твити, по посетата на Генералштабот на Турција, ќе замине за Шанлиурфа за да го координира основањето на Заедничкиот оперативен центар“, се нагласува во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција.