Hakan Çopur
03 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.711 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 67.494 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, бројот на заразени со Ковид-19 во оваа земја се зголеми на 1.162.164.
Бројката на починати поради овој вирус во САД се искачи на 67.494.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Шпанија со 245.567 откриени случаи, Италија со 209.328 откриену случаи и Велика Британија со 182.260 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Масачусетс.
Во Њујорк откриени се 319.213 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 24.368 лица.
Во САД досега се извршени околу 7 милиони тестирања за Ковид-19, додека бројката на излекувани лица од оваа болест се искачи на 173.910.