Mutlu Demirtaştan
02 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Гарет Бејл, кој беше гостин на поткаст-емисијата „Хет-трик“ (The Hat-Trick), истакна дека во последните години популарноста на американската фудбалска МЛС-лига е зголемена и дека повеќе фудбалери сакаат да играат во САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Истакнувајќи го развојот на американскиот фудбал, 30-годишниот Бејл вели: „Навистина ми се допаѓа МЛС. Популарноста на МЛС-лигата е зголемена. Повеќе фудбалери сакаат да играат во САД. Со години се подобрува. Играме тешки натпревари кога одиме во САД во предсезонски кампови. Стандардите се зголемуваат. Клубовите, капацитетите и стадионите продолжуваат да се подобруваат.“
Бејл, чиј настап во Реал Мадрид е предмет на дискусија, во оваа сезона која е прекината на 12 март поради Ковид-19, во 14 натпревари постигна 2 гола.