Yusuf Özcan
01 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
ПАРИЗ
Раководството на Професионалната фудбалска лига во Франција (ЛФП) донесе одлука поради пандемијата на Ковид-19 да заврши фудбалската сезона и за првак го прогласи Париз Сен Жермен (ПСЖ) кој е лидер на табелата на Лига 1, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на оргнизаторот на фудбалските натпреварувања во Франција се наведува дека одлуката за завршување на фудбалската сезона 2019/2020 донесена во согласност со мерките кои во борбата против ширењето на коронавирусот ги вовела владата на францускиот премиер Едуард Филипе.
Со одлуката на ЛФП сезоната во Франција е завршена со моменталниот распоред на табелите на фудбалските лиги, а за првак е прогласен ПСЖ додека првак во втората лига е прогласен тимот на Лориент.
Почетокот на наредната фудбалска сезона во Фрацнија е планиана за 22 август.
Францускиот премиер Филипе претходно рече дека фудбалските натпреваруваќа нема да можат да продолжат поради пандемијата на Ковид-19.