Muhammed Bilal Kenasari
05 Јануари 2016•Ажурирај: 06 Јануари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Поранешниот портпарол на Министерството за одбрана на САД и Џефри Д. Гордон, тврди дека американските власти треба веднаш да го испорачаат Ѓулен на Турција, јавува Anadolu Agency (АА).
Гордон во колумната објавена од страна на американскиот весник "The Hill", истакна дека тоа е крајно тежок процес на воспоставување на безбедност во САД по големиот број терористичките напади од оние на 11 септември 2001 година па сè до неодамнешниот напад во Сан Бернардино.
"Нам не ни треба помошта од поединци и организации кои се обидуваат со искористување на религијата да ги градат своите движења. Паралелната структура кој ја води Ѓуленсвоето криминално однесување го прикрива со злоупотребата на верата. Белата куќа и Конгресот тоа треба веднаш да го увиди и да се ослободи од нив, вели Џефри Д. Гордон", рече Гордон.
Укажувајќи на фактот дека турското судство има издадено голем број налози за апсење на Ѓулен, Гордон рече дека САД не треба да ги штити структурите кои се закана за нејзиниот НАТО сојузник, Турција. Гордон е пензиониран офицер на американската морнарица, а во периодот од 2005 до 2009 година работел како портпарол на Пентагон. Подоцна, стана советник на републиканските претседателски кандидати за прашањата поврзани со надворешната политика и националната безбедност.
Обвинителството во Истанбул во март оваа година побара лишување од слобода на Фетулах Ѓулен, лидер на движењето, кој е обвинет за неколку нелегални активности. Турските власти побараа на 2-ри февруари од страна на Соединетите Американски Држави (САД) укинување на "зелениот картон" за Ѓулен. На 28-ми јануари 2015 година, врз основа на "лажно сведочење" му е поништен турскиот пасош.
Турција претходно издаде потерница за Ѓулен, кој е обвинет за водење на криминална организација и за обид за државен удар со цел рушење на власта на чело со Реџеп Таип Ердоган, тогашниот премиер и актуелен претседател на земјата.