Adel Ömeragiç
12 Јануари 2017•Ажурирај: 13 Јануари 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Одборот за надворешно-политички работи на новиот состав на американскиот Сенат едногласно ја одобри ратификацијата на Протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
За Протоколот сега би требало да се изјасни Сенатот во полн состав. За да биде ратификуван, потребно е за него да гласа двотретинско мнозинство од стотемина сенатори.
Протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО досега е ратификуван од страна на 22 од 28 земји-членки на НАТО. Откако Протоколот биде ратификуван од сите земји-членки, потребно е и црногорскиот Парламент да го усвои овој документ.
Црногорскиот министер за надворешни работи, Срѓан Дармановиќ, неодамна изјави дека очекува целиот процес да заврши до средината на годинава, кога Црна Гора и официјално ќе стане 29. членка на НАТО.