Adel Ömeragiç
26 Ноември 2015•Ажурирај: 28 Ноември 2015
ПОДГОРИЦА (АА) – Од 2008 година, откако Црна Гора започна со имплементација на новите прописи за издавање идентификациони документи, до ноември оваа година, Министерството за внатрешни работи на граѓаните им издаде 518.029 биометриски лични карти, јавува Аnadolu Agency (AA).
Досега, околу 15.000 граѓани не ги замениле старите лични карти со нови биометриски. Така, 15.000 граѓани кои не поседуваат нова лична карта не можат да гласаат на избори ниту да остварат било кое право за кое им е потребен тој документ, со што себеси се довеле во позиција да не можат да фунционираат во правниот сообраќај.
Државјаните на Црна Гора со биометриски лични карти може да влегуваат во Србија, Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина, што значи дека тоа право не може да го остварат оние кои не го замениле тој личен документ.
Од почетокот на издавање на патни исправи според новите прописи, на граѓаните на Црна Гора издадени им се 421.977 биометриски пасоши, со кои без виза може да патуваат во 104 држави.