Mahmoud Barakat
26 Ноември 2015•Ажурирај: 29 Ноември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) – Во извештајот објавен оваа недела, Сириската мрежа за човекови права (SNHR) вели дека над 20.000 жени се убиени во тековната војна во Сирија, вклучувајќи ги и 19.000 жени убиени од страна на сирискиот режим, јавува Anadolu Agency (AA).
Објавувањето на извештајот се совпаѓа со вчерашниот Меѓународен ден за борба против насилството врз жените.
Според НВО со седиште во Велика Британија, силите на сирискиот режим се одговорни за смртта на 18.917 жени, додека 72 жени се убиени од страна на руските сили а 42 од сириските курдски сили.
Извештајот, исто така, покажува дека најмалку 7.029 жени се притворени од режимските сили, вклучувајќи 318 девојчиња.
Други 69 жени се заробени од сириските курдски сили, 877 од различни опозициски групи и 639 од страна на милитантната група ДАЕШ, се вели во извештајот.
Истажувањето наведува дека бројни активистки се уапсени, измачувани и сексуално злоупотребувани од рацете на режимот.
Во сириската војна која сè уште трае, убиени се 250.000 луѓе од почетокот на војната во 2011 година, според податоците на ОН.