Mahmoud Barakat
05 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
ДАМАСК (АА) - Во воздушни напади на сирискиот режим загинаа 53 цивили, доцна синоќа, во регионот под контрола на опозициските сили во источна Гута, изјавија извори на Сириската цивилна одбрана, јавува Anadolu Agency (АА).
Изворот соопшти дека режимските воздушни напади погодиле еден локален пазар во Кафр Батна и резиденцијалната област во Јесрин. Домовите во погодените населени места претрпеле огромно оштетување.
Во меѓувреме, во провинцијата Алепо, сириските опозициони сили, доцна синоќа, презедоа контрола врз населените места Харба и Берагида, источно од градот Азаз, кои беа под контрола на ДАЕШ, изјави за АА Абу Мохамед Насер, застапник за медиумите од Фронтот Ал-Шам.
Според податоците на ОН, најмалку 250.000 луѓе ги загубиле животите од почетокот на сирискиот конфликт во 2011 година.