Ali Murat Alhas
07 Јануари 2022•Ажурирај: 08 Јануари 2022
АНКАРА
Единиците од командоси на Турските вооружени сили неутрализираа 8 терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти денеска Министерството за национална одбрана на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството во соопштението рече дека терористите се обиделе да ги нападнат антитерористички сили на Турција во зоната на операцијата „Извор на мирот“, но турските сили возвратиле и неутрализирале 8 терористи на ЈПГ/ПКК.
Турските власти го користат зборот „неутрализира“ за да наведат дека терористите за кои станува збор се фатени, се предале или се убиени.
Од 2016 година Анкара реализира три успешни прекугранични антитерористички операции во Сирија за да превенира формирање терористички коридор и да овозможи мирна средина за жителите. Тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.