Aysu Biçer
03 Јануари 2022•Ажурирај: 04 Јануари 2022
АНКАРА
Турција забележа годишно зголемување за 36,08 проценти на потрошувачките цени во 2021 година, што е највисоко во последните 19 години, објави денес статистичката служба на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во ноември, потрошувачките цени забележаа годишен пораст од 21,31 проценти, според ТуркСтат.
На месечна основа, инфлацијата во декември се зголемила за 13,58 проценти, за 3,51 процент повеќе од ноемвриските бројки.
Најголем пораст на цените на годишно ниво е забележан во транспортот со 53,66 проценти минатиот месец, покажаа податоците.
Потоа следуваат храната и безалкохолните пијалаци со 43,80 проценти и покуќнината и апаратите за домаќинство со 40,95 проценти.
Најмал годишен пораст, од друга страна пак, има во комуникацијата со 8,76 проценти.
Група од 21 економист предвидоа просечен годишен пораст од 30,05 проценти на потрошувачките цени во декември 2021, покажа истражувањето на АА, направено минатата недела.
Економистите прогнозираа месечна инфлација за декември во просек од 8,54 проценти, покажа истражувањето.
Во меѓувреме, објавувајќи ја монетарната и девизната политика за 2022 година во средата, Централната банка на Турција ја задржа среднорочната цел за инфлација од 5 отсто, велејќи дека монетарната политика ќе биде дизајнирана постепено да ја достигне оваа цел.