Zehra Nur Düz
17 Февруари 2022•Ажурирај: 18 Февруари 2022
АНКАРА
Турскиот Нобеловец Азиз Санџар информира дека дошол до „многу возбудливо“ ново откритие во истражувањето за канцер, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Оваа студија е поврзана со обновата на ДНК и тоа е нов метод. Ќе бидам во можност да го пренесам новиот метод во Турција во рок од една година“, рече Санџар за Агенција Анадолија на настан во Анкара.
Санџар беше награден со Нобеловата награда за хемија во 2015 година заедно со Томас Линдал и Пол Модрич за нивните механички студии за обнова на ДНК.
Тој е најпознат по неговото револуционерно откритие за механизмите што ги користат бактериите и луѓето за пронаоѓање, отстранување и обнова на ултравлиолетовата (UV) и хемиски оштетената ДНК. Овие откритија го зголемија научното разбирање за тоа како живата клетка функционира, причините за канцер и процесите на стареење.
Санџар е роден во 1946 година во Мардин, југоисточна Турција, од родители без образование.
Санџар студирал на Универзитет Истанбул и на Универзитетот во Тексас, Далас, каде што и докторирал во 1977 година. Нобеловецот Санџар е професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Северна Каролина.
Тој е во брак со Гвен Болс Санџар, која е професорка по биохемија и биофизика.