Ekip
03 Јануари 2022•Ажурирај: 04 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Пет припадници на силите на сирискиот режимот загинаа и 20 други се повредени во напад изведен доцна синоќа од страна на ДЕАШ во источна Сирија, соопшти државната новинска агенција САНА, јавува Агенција Анадолија (АА).
САНА, повикувајќи се на воен извор, соопшти дека воено возило во областа Бадија, во источна Сирија било погодено од ракетен напад проследен со артилериско гранатирање од терористите на ДЕАШ.
Иако ДЕАШ загуби повеќето области кои беа под нивна контрола во Сирија во последните години, терористичката група се уште одржува присуство во пустинската област Бадија од каде спроведува повремени напади.
Се проценува дека околу 10.000 милитанти во Сирија и во Ирак сѐ уште дејствуваат во рамките на ДЕАШ.