Ömer Koparan,Ethem Emre Özcan
01 Јуни 2022•Ажурирај: 01 Јуни 2022
ЏАРАБУЛУС (АА) - Во ракетен напад од страна на терористичката група ЈПГ/ПКК повредени се тројца цивили во областа Џарабулус во северна Сирија, соопштија локални извори денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нападот беше извршен од областа Мунбич, а повредените лица се пренесени во блиските болници.
По нападот, Турските вооружени сили со хаубици ги таргетирале позициите на терористичката група.
Терористичката група ЈПГ/ПКК често организира напади на Џарабулус, Африн и Азаз од областите Мунбич и Тел Рифат во Сирија.
Од 2016 година Анкара реализира три успешни прекугранични антитерористички операции во Сирија за да превенира формирање терористички коридор и да овозможи мирна средина за жителите. Тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.