Qais Omar Darwesh Omar,Hamdi Yıldız
02 Јуни 2022•Ажурирај: 03 Јуни 2022
РАМАЛА (АА) - Израелската армија уби Палестинец за време на рација во бегалскиот камп „Ал Дехише“ во окупираниот град Витлеем на Западниот Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Државниот телевизиски канал на Палестина соопшти дека еден Палестинец е застрелан со вистински куршуми за време на настаните меѓу Палестинците и Израелската армија, која изврши рација во бегалскиот камп „Ал Дехише“.
Од друга страна пак, палестинското Министерство за здравство соопшти дека за време на операцијата што Израелската армија ја спровела синоќа во селото Јабад, во близина на градот Џенин, убиен е уште еден Палестинец, а во настанатите инциденти три лица се повредени.