Muhammed Shekh Yusuf,Safiye Karabacak
01 Август 2016•Ажурирај: 02 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во нападите организирани минатиот месец 1.557 лица ги загубија своите животи, јавува Anadolu Agency (AA).
Сириската мрежа за човекови права (SNHR) во својот месечен извештај за месец јули наведе дека режимот на Асад убил 769 лица од кои 253 се деца, а 197 жени. Анализирајќи го бројот на загинати, од кои 59 отсто се жени и деца, станува очигледна намерата на режимот за напаѓање на цивилните позиции.
Во извештајот се вели дека 239 цивили од кои 105 се деца а 66 жени се убиени од страна на руските сили, 40 цивили од кои 11 деца и 5 жени се убиени од страна на ПЈД, додека 156 цивили, од кои 33 деца и 14 жени биле убиени од страна на припадниците на ДАЕШ.
За загубите од другата страна, се вели дека вооружение опозициски сили убиле 67 цивили од кои 15 деца и 13 жени, додека во нападите на меѓународната коалиција убиени се 189 цивили, од кои 78 деца и 39 жени.
Во извештајот на Сириската мрежа за човекови права се наведува дека сѐ уште не е дефинирано кој е извршител на некои бомбардирањата и друг вид на напади во кои 97 цивили, 36 деца и 21 жена ги загубиле своите животи.
Во извештајот се наведува дека силите на режимот и Русија ги прекршуваат човековите права и во Сирија извршиле многу воени злосторства, притоа 90 отсто од нападите се насочени кон цивилите и нивниот имот.