Selen Temizer
13 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
АНКАРА (АА) – СЕЛЕН ТЕМИЗЕР – Според податоците на Мрежата за човекови права во Сирија, од 1 октомври режимот на Башар ал-Асад во последните три години извел 138 хемиски напади, од кои најголем број во Идлиб, во руралните делови на Шам, Хама и Алепо.
Ова покажува дека режимот не го уништил целото хемиско оружје што го поседувал, туку успеал да сокрие дел од него.
Режимот на Асад, во подрачјето на Источна Гута во Дамаск, на 21 август 2013 година користеше хемиско оружје во своите напади, при што повеќе од 1.400 луѓе ги загубија своите животи, а беа ранети над 10.000 цивили.
Во последните три месеци, во 4 хемиски напади загинаа 131 цивили.
Според информациите од дописниците на Anadolu Agency (AA), воените авиони на режимот на 6 септмври во источен Алепо врз населбата Суќкери која била под опсада на режимот, биле фрлени бомби со хлорен гас, кој делуваше на стотина цивили.
На 12 ноември Организацијата за забрана на хемиското оружје двапати го осуди режимот на Асад поради продолжување со употребата на хемиското оружје.
Земјите како што се Турција, Франција, Кина како и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-Мун, повеќепати го осудија режимот, потсетувајќи го дека употребата на хемиско оружје е забранато.
Но режимот на Асад не престана со неговата употреба во своите напади.
На 24 ноември, во населбите Џезметли и Ард Хамра во источен Алепо, режимот на Асад фрлил барелни бомби со хлорна содржина, од којашто 13 лица се здобија со сериозни повреди.
На 9 декември силите на режимот, во подрачјата на Челум, Баб Кинисрин, Келесе, Бустан ел-Каср, Мегаи, Меади, Фирдевс, Енсар, Зибдијеве Месакин Фирдевс од источен Алепо, фрлиле бомби со хлорна содржина, од која починаа 46 лица, а 230 беа ранети.
Како последен случај, вчера, во подрачјето под контрола на терористичката организација ДЕАШ, во месноста Акирбат во Хама, биле фрлени бомби со гас иперит, од кој починаа 85 цивили.
- Режимот негира -
Од друга страна, режимот сѐ уште негира дека употребува хемиско оружје. Режимот на Асад, на постојаниот претставник на ОН, Башар Џафери, му тврдеше дека хемискиот напад во источниот дел на Дамаск во 2013 година го организирала француската разузнавачка служба.
Постојаниот претставник Џафери, со извештајот подготвен од страна на формираната комисија на ОН и Организацијата за забрана на хемиското оружје, за утврдување кој употребува хемиско оружје во Сирија, ги отфрли овие тврдења на режимот на Асад.
Во конкретниот извештај се наведува дека поради фактот што на режимот му е дозволено да врши ограничени истражувања, утврдени се само 3 напади од страна на режимот. Според извештајот кој е објавен на 21 октомври, силите на режимот користеле хемиско оружје на 21 април 2014 година во селото Талменес во Идлиб, на 6 март 2015 година во селото Сармин и 21 август 2016 година во градот Маре во подрачјето на Алепо.