Ekip
13 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
АЛЕПО (AA) – Силите на сириската опозиција постигнаа договор за прекин на огнот во источниот дел на Алепо со силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Првата етапа на прекинот на судирите предвидува сигурна евакуација на цивилте од источните делови на Алепо кои се под опсада на режимските сили кои ги поддржува Русија.
Репортерот на AA од извори блиски до сириските опозициски групи дознава дека послепладневните преговори на сириската опозиција и Русија резултирале со договор за прекин на огнот и евакуацијата, првин на цивилите од источниот дел на Алепо. Согласно договорот, во првата фаза на прекинот на огнот цивилите од истокот ќе бидат префрлени на западот на Алепо, а во источниот дел од Алепо веќе се испратени автобуси за евакуација.
Во втората етапа на договорот за прекин на судирите, кој е постигнат со посредство на Турција, се предвидува и евакуација на припадниците на вооружените опозициски групи од источните делови од Алепо. Наводно, повеќето на припадниците на тие групи сакаат да го напуштат Алепо.