Michael Hernandez
17 Јуни 2016•Ажурирај: 18 Јуни 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Вкупно 51 службеник на Стејт Департментот потпишаа интерен допис во кој ги повикуваат САД на војна акија против сирискиот претседател Башар Ал Асад, во обид да се сруши неговиот режим, јавува Anadolu Agency (AA).
Дописот е прочитан на еден американски кабелски ТВ канал.
„Неуспехот да се сруши очигледната злоупотреба на Асад, само ја зајакна идеологијата на групи како ДАЕШ, покрај тоа што и тие веќе подолг период имаат тактички застој на бојното поле. Евидентни се и неоспорни морални причини за преземање на чекори за завршување на бруталната војна, која веќе пет години е причина за смрт и страдање на народот во Сирија. Состојбата на статус кво и натаму ќе предизвикува се потешки, можеби и катастрофални хуманитарни и дипломатски предизвици поврзани со тероризмот", го пренесуваат американските медиуми дописот кој беше претставен на кабелскиот ТВ канал.
Американскиот претседател Барак Обама се воздржува од преземањето на воени дејствија, поради можноста тоа да предизвика судир со Русија и да предизвика уште поголема нестабилност во Сирија.
Асад од друга страна е охрабрен од помошта на сојузниците. Русија ги изведува воздушните напади, а иранските сили и припадниците на Хезболах на теренот се борат заедно со војската на сирискиот режим.