Ali Cura
17 Јуни 2016•Ажурирај: 18 Јуни 2016
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Петро Порошенко, соопшти дека за обезбедување на поголема безбедност и намалување на тензиите на истокот од Украина, ќе обезбеди поддршка од полициската мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата дадена во прес-центарот на претседателството на Украина, Претседателот Порошенко се сретнал со Претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Илка Канерва.
Порошенко бил загрижен за состојбата во Доњецк, која станува се понапната по провокациите од страна на проруските сепаратисти. Итересен е фактот што Русија испраќа оружје и воена опрема.
Претседателот на Украина потсети дека Специјалната мисија на ОБСЕ за Украина имаше голема улога во спроведување на договорот од Минск и обезбедување на решение за Доњецк и ја истакна потребата од присуството на Полициската мисија на ОБСЕ на теренот.
„Оваа мисија ќе ја загарантира безбедност во регионот и ќе го спречи зголемувањето на тензиите", рече Порошенко.