Betül Yürük
16 Јуни 2016•Ажурирај: 17 Јуни 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Независната комисија на Обединетите нации во Сирија соопшти дека терористичката организација ДАЕШ извршиле геноцид врз Језуидите во Сирија и дека и понатаму продолжуваат да го прават тоа воено злосторство, јавува Anadolu Agency (AA).
Комисијата на ОН објави извештај за злосторствата на ДАЕШ против Језуидите, кој е направен врз основа на сведочењето на 45 лица кои избегаа од нападите на ДАЕШ. Меѓу нив имаше верски службеници, медицински персонал, адвокати, криумчари, активисти и новинари.
„ДАЕШ изврши геноцид и понатаму го прави тоа. Сите језуидски мажи, жени и деца кои паднаа во рацете на ДАЕШ, беа жртви на застрашувачко дивјаштво”, рече претседателот на Комисијата, Паоло Серџо Пинеиро, за време на прес-конференцијата што се одржа во Канцеларијата на ОН во Женева.
Истакнувајќи дека терористите на ДАЕШ на 3-ти август 2014 година го зазедоа ирачкиот регион Синџар, а потоа насилно ги депортирале припадниците на малцинските етнички групи од тоа место во соседна Сирија, Пинеиро рече дека терористите ги користеле жените како сексуални робови и со сурово малтретирање и убивање се обиделе „да го избришат идентитетот на Језуидите”.
„Во рацете на терористите на ДАЕШ и понатаму остануваат 3.200 жени и девојчиња. Поминаа две години од нападот на ДАЕШ на Синџар, но досега ништо не е направено за овие заробени луѓе да бидат спасени. Ја повикуваме меѓународната заедница да направи нешто и да покрене операции за спасување на овие луѓе”, рече шефот на Комисијата, Пинеиро.
Во извештајот се наведува и дека терористите заробените jeзуитски жени и девојки ги продаваат како сексуални робови по цена од 200 до 1.500 долари, во зависност од тоа дали тие се во брак или не, а една Језуидка, заедно со своите ќерки во текот на 11 месеци е продадена вкупно седум пати.
Исто така се наведува дека језуидските семејства од терористите на ДАЕШ успеале да ги откупат нивните заробени членови за цена од 10.000 до 40.000 долари.